Солскјер му одговори на Саутгејт: Санчо ќе биде врвен фудбалер, сите ќе бидеме сведоци на неговиот квалитет

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, смета дека Џејдон Санчо наскоро ќе покаже на теренот дека е врвен играч, и дека селекторот на Англија, Герет Саутгејт ќе биде убеден во тоа.

Англискиот селектор изјави дека Санчо во овој момент не заслужува да биде поканет во репрезентацијата, и дека го ставил на списокот за да покаже дека верува во него.

„Дали изјавата е дадена пред средбата и дуелот со Вилјареал? – Џејдон беше фантастичен на тој натпревар. Можеби се’ уште не постигнал гол, но таа вечер си помислив – ова е вистинскиот Џејдон, наскоро ќе го видиме најдоброто од него. Гарет исто така рече дека е важно за Санчо да знае дека веруваат во него, дека инвестирале во него. Ќе биде врвен играч, тоа ќе го покаже на теренот. Не се грижам“, изјави Солскјер.

Санчо минатата сезона постигна 16 голови и 20 асистенции во дресот на Борусија, а летово се пресели на „Олд Трафорд“ за 73 милиони фунти. Во дресот на „црвените ѓаволи“ тој засега нема асистенции, ниту успеа да се запише во лситата на стрелци.

Се вчитува...