Солскјер: Наша цел е третото место во Премиер-лигата

Менаџерот на Манчестер jунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека од неговите фудбалери очекува сезоната во Премиерлигата да ја завршат на третото место. Но, според него за да се успее да се стигне до зацртаната цел во последните шест натпревари „црвените ѓаволи“ треба да освојат 15 бода.

„Сакам да завршиме меѓу најдобрите три екипи во лигата. Четвртото место исто така ќе биде добар резултат, но до крај мора да освоиме 15 бода“ – вели Солскјер. 

Во 34. коло во Премиерлигата во сабота на „Олд трафорд“ Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Вест Хем, а до крајот на сезоната избраниците на Солскјер ги очекуваат натпревари со Евертон, Манчестер Сити, Челси, Хадерсфилд и Кардиф Сити. Во моментов „црвените ѓаволи“ се на шестата позиција на првенствената табела со пет бода помалку од третопласираниот Челси, но и со натпревар помалку.

Се вчитува...