Солскјер не е загрижен за тоа што Манчестер Јунајтед е дури во средината од табелата

Манчестер Јуанјтед е на деветтото место на премиерлигашката табела со 18 бода по 14 одиграни натпревари. Во викенд рундата во Англија, Јунајтед повторно не дојде до победа, ремизираше 2-2 со Астон Вила. Ова е најлошиот почеток на сезона за поранешниот англиски шампион уште од 1988/89. Сепак оваа ситација не е суштниски загрижувачка, вели менаџерот Оле Гунар Солскјер.

„Позицијата на табелата не ме загрижува. Разликите се толку мали. Да постигневме уште еден гол ќе бевме петти. Повеќе ме загрижува што во натпреварите во кои имавме водство, не успеваме да победиме. Постигнуваме голови, но и примаме многу. Мора да иаме серија од неколку добри изданија“ – вели Солскјер.

Манчестер Јунајтед во моментов има помалку бодови од тоа што имаше минатата сезона ова време под водство на Жозе Мурињо кој потоа доби и отказ.

Се вчитува...