Солскјер: Нема да купувам „расипани јаболка“ за во Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјер ја менува филозофијата на купување играчи во Манчестер Јунајтед. Менаџерот инсистира на тоа дека карактерот е главниот критериум покрај фудбалските квалитети. Во првиот трансфер термин по преземењето на клупата на „Олд Трафорд“, Солскјер ги доведе Хари Мегваер, Даниел Џејмс и Арон Ван-Бисака и со тоа го најави новиот изглед на тимот. Потоа во јануари годинава дојде Портгалецот Бруно Фернандеш, а потоа и Одион Игало. Без разлика на проблемите со трансферите што ги направи пандемијата на коронавирусот, Солскјер вели дека секоја следен играч кој ќе дојде во тимот ќе треба да се вклопи во менатлитетот на колективот.

„Се чувстував како професионалец и сметав дека сум привилигиран што играм за Манчестер Јунајтед. Знаев дека нема да можам да се погледнам себе си ако не сум сигурен дека сум дал буквално се за соиграчите и за менаџерот. Тоа е она што сега го барам кај играчите кои го носиме од младинскиот тим. Фудбалерот мора да биде добра личност затоаш то едно „расипано јаболко“ во кошницата ќе ги расипе и другите“ – вели Солскјер.

Манчестер Јунајтед е во тренажен процес и во подготовка за ре-стртот на сезоната ов Премиер-лигата. Првиот дуел тимот на Солскјер ќе го одигра на 19.јуни против Тотенхем. Тоа ќе биде прв натпревар по победата ЛАСК од 5-0 во Лига Европа на 12. март.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...