Солскјер отпишува шест фудбалери, како би довел само едно засилување

Манчестер Јунајтед се уште не се откажува од доведување на Џејдон Санчо и на секој начин се обидува да собере пари за неговиот трансфер. Санчо отпатува на подготовки со Борусија Дортмунд, а од германскиот тим соопштија дека тој веќе не е на продажба. Англиските медиуми пишуваат дека „црвените-ѓаволи“ се уште не се откажаа од неговото доведување и до крајот на летниот преоден рок ќе направат се за тој да се пресели на „Олд Трафорд“.

Оле Гунар Солскјер се одлучил на трансфер листата да стави дури шест фудбалери, а парите заработени од нивните трансфери ќе бидат потрошени за само еден фудбалер, а тоа е Џејдон Санчо.

Солскјер ги отпиша Џеси Лингард, Крис Смолинг, Фил Џонс, Маркoс Рохо, Диего Дало и Андрес Переира. Од продажбата на овие фудбалери се очекува Јунајтед да заработи околу 70 милиони евра, кои би покриле повеќе од 50 отсто од цената за Санчо.

Се вчитува...