Солскјер: Ова беше ужасно…

Манчестер сити во синоќешниот прв натпревар од полуфиналето во Карлинг купот славеше против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1-3.

Јунајтед одигра уште еден катастрофален натпревар, дозволувајќи три погодоци во својата мрежа во период од 17. до 38. минута.

„Првото полувреме беше ужасно, најлошо откако сум тренер. На полувремето на играчите им кажав дека ова е веќе прашање на гордост, срамно е со каков ‘жар’ играат. Секако дека по 0-3 сте едноставно потонати, но моравме да се собереме и нешто да направиме во своја корист. Не смеам јас да бидам тој кој ќе активира таков разговор во соблекувалната, но тоа е тоа…“ – истакна Солскјер по синоќешниот дуел.

Се вчитува...