Солскјер: Оваа победа долго ќе ја паметиме

Оле Гунар Солскјер не ја крие гордоста по новото одлично издание на Манчестер Јунајтед, откако „црвените ѓаволи“ неколку дена по победата над Тотенхем го зедоа и скалпот на Манчестер Сити. Извонредното прво полувреме беше пресудно, откако Рашфорд и Марсијал донесоа водство што „ѓаволите“ го претворија во конечен триумф и нови три бода.

„Оваа победа долго ќе ја паметиме, не само поради резултатот туку играта. Бевме многу опасни кога игравме против најдобриот тим во светот и успеавме да ги победиме на нивни терен. Сити има извонредна екипа, а ние не само што се браневме, туку и создадовме многу шанси. Тешко е да им се земе топката, но кога ние ја имавме во наш посед бевме исклучително опасни, требаше да водиме уште поубедливо по првото полувреме“ – изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед со оваа победа се искачи на петтата позиција на табелата, со пет бода заостанување зад четвртопласираниот Челси.

Се вчитува...