Солскјер: Подобро да имам дупка отколку серко во тимот

„Личните агенди“ нема да бидат толерирани на „Олд Трафорд“. Ова е пораката што менаџерот Оле Гунар Солскјер им ја испрати на фудбалерите на Манчестер Јунајтед во интервју во кое зборуваше за промената на културата во клубот со продажбата на Ромелу Лукаку и на Алексис Санчез.

Откако се ослободи од големите ѕвездени имиња, со исклучок на Пол Погба и од дел од ветераните со проблематичен карактер, Солскјер го гради тимот на Јунајтед врз основа на колективниот дух.

„Повеќе би сакал да имам дупка отколу серко во тимот. Карактерот е многу важен. Ова е тим и сите мора да функционираат во тимската средина. Добро е играчите да имаат его, но треба и да можат да се адаптираат“ – рече Солскјер.

Тој го презеде тимот во декември 2018 година и имаше одлична почетна резултатска серија, но доживеа крах во пролетта 2019 година и пред крајот на сезоната. Затоа во летото реши да продаде неколку играчи и да го формира тимот за оваа сезона по свое.

Се вчитува...