Солскјер: Погба бавно се враќа во форма

Пол Погба се соочува со предизвикот да се врати во натпреварувачка форма вели менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Сезоната на Погба е уништена од две повреди на глуждовите кои го ограничија на само осум натпревари за клубот во актуелнава сезона. Од септември има одиграно само два натпревара за Јунајтед.

„ Пол знае знае дека треба да работи многу за да биде во најдоброто издание. Надвор од теренот е многу долго време. Предизвик е да се врати во форма“ – вели Солскјер.

Од друга страна се погласни се тврдењата за заминување на Погба. Солскјер одби да одговори на прашањето за тоа дали францускиот репрезентативец воопшто повторно ќе заигра за Јунајтед. Неговиот агент, пак, Мино Раиола изјави дека зборувал со Јуавентус за враќање на Погба во италијанскиот клуб четири години по трансферот на „Олд Трафорд“.

 

 

Се вчитува...