Солскјер: Погба останува, желбите на Реал не ме интересираат

Оле Гунар Солскјер повторно ја затвори вратата за евентуален трансфер на Пол Погба во Реал Мадрид, откако стратегот на Манчестер Јунајтед јасно стави до знаење дека нема намера да го продаде францускиот ас. Погба во текот на летото беше поврзуван со заминување во Шпанија, но „кралевите“ не испратија ниту приближна понуда на оние 160 милиони евра што „црвените ѓаволи“ ги бараа за екс-фудбалерот на Јувентус.

Се очекува преговорите да продолжат веќе во јануарскиот преоден рок, но ставот на Солскјер на оваа тема е јасен – Погба не е за продажба.

„Мене не ме интересираат желбите на Реал Мадрид и на Флорентино Перез. Не сум загрижен за Пол Погба бидејќи тој има договор со клубот, а наш став е дека не може да си замине. Знаеме дека повторно ќе се појават бројни шпекулации, но иднината на Погба е во Манчетер, тој напорно работи на тренинзите и натпреварите и целосно е посветен на нашиот клуб“ – изјави Солскјер.

Се вчитува...