Оле Гунар Солскјер, менаџерот на Манчестер Јунајтед во секој момент може да добие отказ од клупатa на Манчестер Јунајтед. Норвежанецот е под тежок притисок по поразот од Ливерпул на домашен терен од 0:5.
После натпреварот, го коментираше поразот и неговата иднина.
„Загубивме со 6:1 од Тотенхем минатата година, но ова е милион пати полошо. Мораме да го надминеме ова побрзо, и да продолжиме понатаму. Сега сме на дното, полошо од ова не може да биде. Не е лесно да се каже нешто. Ова е најтежок ден откако сум јас тренер на оваа екипа. Не бевме добри ниту колективно, ниту индивидуално.“, рече Солскјер.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по натпреварот кажа дека го разбира колку му е тешко на Клоп.
„Не би сакал да сум во неговата улога во моментов“, рече Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА