Солскјер потврди: Носиме нов напаѓач, а има и уште неколку опции за засилување

Манчестер јунајтед синоќа соопшти дека нивниот најдобар фудбалер Маркус Рашфорд подолго време ќе биде надвор од терените.

Рашфорд прво имаше проблеми со грбот, а на мечот против Вулверхемптон заработи скршеница на стапалото, па надвор од терените ќе биде три месеци. Тоа е голем удар за „црвените ѓаволи“, па јасно е дека до крајот на зимскиот преоден рок ќе мора да донесат нов напаѓач.

„Да, во потрага сме по нов напаѓач кој треба да го имаме што поскоро. Премногу повреди не погодија оваа сезона. Сега бараме некое краткорочно решение до крајот на сезоната. Ако се појави некоја можност и за купување ќе биде добро, но секако позајмицата е една од опциите“ – вели Солскјер.

Се вчитува...