Солскјер потврди: Роналдо ќе дебитира против Њукасл

Моментот кој фудбалскиот свет го чекаше е пред нас. Кристијано Роналдо ќе го има второто деби за Манчестер Јунајтед на саботниот натпревар против Њукасл, потврди тренерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер на денешната прес-конференција.

Роналдо се приклучи на Манчстер Јунајтед по мечот против Ирска од квалификациите за Светското првенство во кој ја предводеше Португлаија до победа со два гола, а и покрај тоа што се наоѓа во одлична форма, очекувањата се асот да го започне мечот од клупата.

„Роналдо имаше одлична претсезона со Јувентус. Играше и за националниот тим, а имаше и одлична недела тука со нас. Дефинитивно ќе биде на теренот во одреден момент од натпреварот. Тоа е сигурно“, изјави стратегот.

Се вчитува...