Солскјер повторно плаче: Зошто Ливерпул и Сити да не играат во сабота?

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на прес-конференцијата во пресрет на мечот против Еветон имаше бурни реакции во однос на распоредот на неговиот тим.

„Црвените ѓаволи“ кои во средата се сретнаа со Вилјареал во Лигата на Шампионите, утре од 13 часот и 30 минути ќе се ги одмерат силите со „карамелите“, а бидејќи тимот има само 72 часа за одмор наиде на реакција од норвешкиот стратег кој го спореди неговиот тим со Манчестер Сити и Челси.

„Не добивме објаснување за ваквиот распоред, но секако дека тоа е до телевизиските права. Тука нема здрав разум. Истото беше и претходната сезона. Бевме на гостување во Турција, а потоа игравме први во лигата. Ние и Челси имавме дуел во Лигата на Шампионите во средата, требаше да играме во недела, а натпреварот помеѓу Ливерпул и Сити да се помести во сабота. Сепак како што реков, во ваков распоред нема здрав разум“, изјави Солскјер.

Се вчитува...