Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека неговиот тим мора да одигра совршено како би имал било какви шанси против Манчестер Сити во реванш дуелот од полуфиналето во англискиот Лига куп.
„Изгледаше дека се е готово по првото полувреме. Не надиграа. Сепак, во вториот дел постигнавме гол, во игра сме. Треба малку да погледнеме во сеќавањата и да размислиме за натпреварот против Пари Сен Жермен, бидејќи успеавме да се вратиме по сличен резултат. Тоа ни дава надеж“, изјави Солскјер.
Првиот натпревар во полуфиналето од Карабао купот заврши со победа на „небесно сините“ од Манчестер со 1-3. Реванш дуелот е закажан за вечерва на „Етихад“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА