Солскјер „распали“ против Реал: Водат некоректна кампања, му го „перат мозокот“ на Погба

Оле Гунар Солксјер веќе отворено нагласува дека се повеќе му смета односот на Реал Мадрид кога се во прашање фудбалерите кои сака да ги доведе во своите редови овој клуб. Еден од нив е и фудбалерот од средниот ред на „црвените ѓаволи“, Пол Погба кој неодамна изјава дека негова желба е еден ден во иднина да игра за „кралскиот клуб“.

По таа изјава на Погба, шпанскиот клуб веднаш реагираше стартувајќи, како што вели Солксјер, со „сплетките“ за доведување во летниот преоден рок.

„Реал Мадрид води некоректна кампања за доведување на Пол Погба и тоа не ми се допаѓа. Не знаете што се се случува зад кулисите. Не гледам кај него некои промени, но другите ми кажуваат дека не се однесува исто и дека не е 100% фокусиран на фудбалската игра. Ако Реал Мадрид веќе му влегол во глава тогаш тоа е за нас голем проблем“ – вели норвешкиот стратег.

Се вчитува...