Солскјер: Роналдо е во години и му треба одмор, можно е да не игра утре против Јанг Бојс!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ол-Гунар Солскјер, даде само комплименти за деби натпреварот на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, но потенцираше дека без разлика на тоа, Португалецот нема загарантирано место во екипата за буквално секој натпревар.

Норвежанецот е свесен дека тој има 36 години, поради што ќе мора да најде идеален баланс.

„Не е невозможно Роналдо да биде оставен надвор од тимот, дури и за утрешното гостување кај Јанг Бојс. Тој има 36 години, а јас треба да најдам баланс за играта на секој фудбалер. Сметам дека пристигнувањето на Варан и Роналдо ни донесе поголема класа, но и ги натера другите да го подигнат нивото. Сите гледаат во нив, бидејќи се големи шампиони и сакаат да бидат како нив“, изјави Солшер.

„Црвените ѓаволи“ утре го почнуваат настапот во Лигата на шампионие и тоа со гостување во Швајцарија.

Се вчитува...