Солскјер: Руни еден ден може да биде на моето место

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека Вејн Руни еден ден може да биде на чело на клубот.

„Сите тука го сакаат Вејн. Сите навивачи на Јунајтед ценат што направи за клубот. Играше феноменално, покажа класа. Тој еден ден би можел да биде таму каде што сум јас сега“, изјави Солскјер. 

Манечстер Јунајтед го совлада токму Дерби Каунти во кој настапува Вејн Руни на гостински терен со 0-3 и закажа четвртфинален дуел во ФА купот со Норич.

Се вчитува...