Единсон Кавани во Манчестер Јунајтед стигна како слободен фудбалер, а клубот сака да му го продолжи договорот. Тој по доаѓањето на „Олд Трафорд“ потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.
Менаџерот на „црвените-ѓаволи“, Оле Гунар Солксјер очекува наскоро да биде продолжен договорот со одличниот напаѓач. Сезонава Кавани запиша осум настапи во Премиер-лигата, но само еднаш беше во почетниот состав. И покрај тоа успеа да постигне три гола и да додаде две асистенции.
„Тој е врвен фудбалер, имаше здравствени проблеми при самото доаѓање поради што не беше најдобро физички подготвен. Кавани не дојде во нашиот клуб за д биде резерва, напротив, со она што го прикажа тој стави до знаење дека заслужува да доби и нов договор“, изјави Солскјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА