Солскјер: Само нека врне… не постои начин Меси да биде запрен

Манчестер Јунајтед направи подвиг со елиминацијата на ПСЖ, но сега пред „црвените ѓаволи“ е нов европски предизвик – двомеч со екипата на Барселона. Оле Гунар Солскјер е свесен дека фаворитската улога му припаѓа на противникот, а имаше и интересен одговор на прашањето дали ќе постави специјална одбрана за Лионел Меси.

„План за Меси? Искрено не верувам дека постои план и начин на кој Лео може да биде запрен, освен со максимално залагање на сите фудбалери. Една работа што мораме да направиме е што повеќе да го оддалечуваме од нашиот шеснаесетник. Сезонава игравме против Роналдо, Азар, Мбапе, Нејмар… сега ќе се сретнеме и со Меси. Знам дека сите говорат само за Лео, тој е неверојатен фудбалер, но да не заборавиме дека Барселона ги има и Кутињо и Суарез. Временската прогноза вели дека постојат големи шанси за врнежи од дожд, ако тоа се случи сигурно ќе ни биде од корист“ – истакна Солскјер на денешната прес-конференција.

Маркус Рашфорд е поготвен за камбек за дуелот со Барселона, а на клупата за резерви ќе се појави и Алексис Санчез, кој предвреме се рехабилитираше од својата повреда.

„Сигурно нема да настапат само Баи и Валенсија, сите други имаат шанси да се појават во тимот против Барса“ – вели стратегот на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...