Солскјер се коцкаше со Рашфорд… и го загуби за големото дерби

Манчестер Јунајтед славеше над Вулверхемптон во третото коло од ФА Купот, но победата беше скапо платена со оглед на повредата што во второто полувреме ја заработи Маркус Рашфорд. Најдобриот напаѓач на Јунајтед влезе во игра во вториот дел, но само 16 минути подоцна поради болка во грбот беше принуден да го напушти теренот.

Проблемот е уште поголем ако се знае дека „црвените ѓаволи“ в недела ги очекува големото дерби на Премиер-лигата, на гостински терен против лидерот Ливерпул.

„Секако дека сум загрижен. Се надевам дека Маркус ќе може да игра против Ливерпул, тој е фудбалер што брзо заздравува од повредите. Можеби згрешив што го уфрлив во игра, но сакав да победиме со Вулверхемптон и неговата помош ни беше неопходна. Последниот збор ќе го имаат лекарите“, изјави Солскјер по натпреварот.

Се вчитува...