Солскјер: Сити? Секогаш е посебен натпревар

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред натпреварот со Манчестер сити изјави дека со притисок се бори уште од првиот ден кога седна на клупата на премиерлигашот.

„Црвените-ѓаволи“ денеска ќе го пречекаат Манчестер сити во градското дерби меч кој повторно е од големо значење за норвешкиот стратег.

„Тоа е градско дерби и сите знаат колкав е влогот. Секогаш се посебни натпреварите со Сити. Последен пат кога игравме пред навивачи атмосферата беше неверојатна. Знаеме дека ова е многу важен натпревар. Фудбалерите се обединети и знаат дека се потребни еден на друг“, изјави Солксјер. 

Мечот на „Олд трафорд“ на програмата е денеска од 13.30 часот.

Се вчитува...