Солскјер: Титула? Со некое засилување за некоја година

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека би сакал неговиот тим следната сезона да биде кандидат за титулата во Премиер лигата , но дека не е сигурен колку е тоа реално.

„Главната цел е да се бориме за титулата следната година, нормално. Но, морам да кажам дека не знам колку е тоа реално. Сепак, со неколку засилувања и напредување на неколку клучни позиции во следните неколку години тоа може да се случи“, изјави Солскјер. 

Јунајтед во следното коло од Премиер-лигата му гостува на првопласираниот Ливерпул, кој е на добар пат да ја донесе титулата на „Енфилд“ за првпат по пауза од 30 години.

Се вчитува...