Солскјер удри по Мурињо: И мене ми фалат играчи, па не плачам секој ден…

Фудбалската сезона во Англија е блокирана, а Манчестер Јунајтед во својот последен меч од Лигата на Европа го совлада ЛАСК со убедливи 0-5.

Оле Гунар Солскјер има право за задоволство, „црвените ѓаволи“ не знаат за пораз уште од 22 јануари, а во периодот кога работите одат во негова полза норвешкиот стратег реши да се пресмета со Жозе Мурињо. Португалецот пред два месеци го критикуваше поранешниот клуб изјавувајќи дека Јунајтед играл многу подобро под негово водство, но сега дојде ред Солскјер да го возврати ударот.

Тотенхем е во криза, а стратегот на Јунајтед го искритикува Мурињо за секојдневните поплаки за повредени фудбалери.

„И мене ми недостигаат Погба и Рашфорд веќе неколку месеци, па не ме слушате секој ден да плачам поради тоа. Други добиваат шанса, помладите играат добри натпревари. И тоа е дел од фудбалот, повредите на клучните играчи, најважно е како ќе се снајдеш. Не сакам да зборувам за други екипи и тренери, но морам да кажам една работа – кога дојдов во Манчестер имав полни раце работа да го сменам начинот на функционирање. Ја променивме клупската стратегија, почнавме да веруваме во помладите фудбалери, донесовме вистински засилувања“, истакна Солскјер.

Се вчитува...