Солскјер во потрага по напаѓач – Две имиња се поврзуваат со Јунајтед

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед е во лоша форма, а таа ја потврдија со поразот од Барнли на домашен терен (0-2) во последниот натпревар во Премиер-лигата.

Англиските медиуми носат информација како екипата од „Театарот на соништата“ е заинтересирана за Одион Игало и Ислам Слимани. И двајцата фудбалери имаат искуство со играње во Премиер-лигата. Игало во 55 натпревари за Вотфорд, постигна 17 гола, а во моментов настапува за кинескиот Шангај Шенху.

Од друга страна Слимани во моментов е на позајмица од Лестер во Монако, каде што прикажува одлични партии.

Се вчитува...