Солскјер: За Манчестер Јунајтед сезоната дури сега почнува

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека сезоната за неговиот тим почнува по инспиративната победа над Њукасл во која Хари Мегваер беше предводник во пресвртот. Капитенот практично го „поништи„ автоголот на Лук Шо, а потоа и Бруно Фернандеш, Арон Ван-Бисака и Маркус Рашфорд постигнаа голови во убедливиот триумф. Солскјер смета дека ова е идеален начин за надминување на болниот пораз од 6-2 од Тотенхем пред репрезентативната пауза.

„Сезоната почнува сега. Конечно фаќаме ритам и тоа се покажува. Хари постигна гол и со личен пример покажа како треба. Потврди дека има силен карактер и среќен сум поради него. Ова е одличен резултат благодарение на инспиративниот капитен“ – рече Солскјер по натпреварот.

По четири одиграни кола, Манчестер Јунајтед има шест бода и во мометов се наоќа на 14. позиција на табелата во Премиер-лигата.

Се вчитува...