Сон донираше 100.000 фунти за жртвите од пожарите во Јужна Кореја

Фудбалерот на Тотенхем, Хјонг – Мин Сон донираше 100.000 фунти за жртвите од шумскиот пожар кој ја зафати Јужна Кореја. Сон се смета за национален херој во Јужна Кореја, а беше еден од тие кои што донираа најголема сума на пари.

„Ништо не е во споредба со тагата на семејствата. Иако живеам во странство, знам што се случува во мојата родна земја. Мислам дека тоа треба секој да го направи кога има голема катастрофа во земјата во која е роден. Верувам дека парите не се важни“, изјави Сон. 

Во пожарите во Јужна Кореја загинаа две лица, а илјадници беа принудени да ги напуштат домовите.

Се вчитува...