Сон е херојот на Тотенхем

Жозе Мурињо и Тотенхем се израдуваа на гостинска победа откако славеа на дуелот против Астон Вила со 2-3. Херој на „спарси“ беше Кореецот Сон, кој постигна два гола, оној вториот во судиското продолжение, за скок на петтото место кое води во ЛШ (по изречената казна на Манчестер Сити).

Лондонскиот клуб цела сезона се мачи на гостувањата, а исклучок не беше ниту денешниот дуел, на кој Алдерверелд си постигна автогол и ги најави новите главоболки на Мурињо. Белгискиот дефанзивец ја исправи грешката откако самиот постигна гол за израмнување, а пред крајот на полувремето Сон беше прецизен за водство на Тотенхем од 1-2.

Гостите сепак не успеаја долго да ја задржат предноста, бидејќи Енгелс успеа да го совлада Љорис да да им донесе радост на домашните фанови на „Вила Парк“. И кога се очекуваше мечот да заврши, Енгелс од херој се претвори во трагичар, со голема грешка овозможувајќи му на Сон во 94. минута лесно да втрча во шеснаесетникот и да го совлада Реина за конечни 2-3.

Се вчитува...