Сон-Хјун Мин викендов ќе игра за историја

Фудбалерот на Тотенхем Сон-Хјун Мин ќе има историска шанса да стане првиот фудбалер со азиско потекло кој ја осовил златната топка во Топ 5 првенствата на „стариот континент“.

Репрезентативецот на Јужна Кореја со 22 постигнати гола заостанува само еден погодок зад Мо Салах на листата, а интересно ниту еден гол не е од белата точка. Во прилог на Сон оди и фактот дека Салах поради повреда нема да настапи за Ливерпул во последниот меч, на домашен терен против Вулверхемптон.

Во последното коло Тотенхем гостува кај Норвич во натпревар во кој со бод ќе го осигура своето место во Лигата на Шампионите следната сезона.

Се вчитува...