Сон и Љорис се скараа на терен, Мурињо вели: „Тоа е фантастично“

Паузата на полувремето од дуелот Тотенхем – Евертон донесе неочекувана случка, откако Хуго Љорис тргна да се пресмета со својот соиграч, Кореецот Сон. Францускиот голман беше незадоволен од залагањето на офанзивниот фудбалер во фазата на одбрана, јасно ставајќи му до знаење дека од него се очекува многу повеќе. Сон беше изненаден од случката, потоа и самиот тргна во пресметка со Љорис, но за среќа тука беа соиграчите кои спречија посериозен инцидент.

 

Сепак, Жозе Мурињо беше воодушевен од односот на своите фудбалери, преземајќи ја врз себе вината за инцидентот.

Тоа е фантастично. Ако треба да се бара виновник, тогаш тоа сум јас, бидејќи во последно време многу често им говорев дека мора да покажуваат повеќе карактер, да бидат погласни, да бараат повеќе и од самите себе и од соиграчите. Кога ќе се случи капитенот да се скара со едно мирно момче како што е Сон, тоа значи дека овој тим има душа, дека му е грижа за секоја топка во текот на натпреварот“, прокоментира во свој стил Жозе Мурињо.

Се вчитува...