Сон ја заврши воената обука како најдобар во војската на Јужна Кореја

Ѕвездата на Тотенхем Сон Хју-минг го заврши тринеделниот курс за основна воена обука во Јужна Кореја како најдобар меѓу 157 специјализанти. Сон паузата поради пандемијата од коронавирусот ја искористи за да се врати во својата татковина како би ја исполнил воената служба.

Сите способни мажи во Јужна Кореја мора задолжително да служат две години војска, иако Сон поради освојувањето на злато на азиските игри во 2018 година заработи иземување од оваа должност. Тој ја доби наградата „Пилсунг“ која се доделува на еден од петте најдобри војници на обука.

По завршувањето на обуката Сон мора да земе 544 часа работа во заедницата во следните 34 месеци. Сон се очекува да му се придружи на Тотенхем во подготовките за продолжување на сезоната во Премиер-лигата.

Се вчитува...