Ѕвездата на Тотенхем Хотспур, Хеунг-мин Сон за англиските медиуми призна дека како дете навивал за Манчестер јунајтед.
Во тоа време на „Олд трафорд“ играше неговиот сонародник Парк-џи Сунг, па поради тоа одличниот играч на Тотенхем бил голем фан на „црвените-ѓаволи“.
„Да бидам искрен како дете навивав за Манчестер јунајтед и тоа само поради еден човек. Мојот сонародник Парк-џи Сунг во тоа време беше дел од Јунајтед и поради тоа голем број деца од мојата генерација бевме фанови на клубот“, изјави Сон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА