Сон: Мурињо секогаш ќе ми остане во сеќавањето… Тој се уште е еден од најдобрите

Корејскиот интернационалец Хеонг Мин Сон во изјава за англиските медиуми вели дека му е навистина жал поради заминувањето на Жозе Мурињо од Тотенхем. Сон вели дека и покрај неуспехот со тимот од Лондон, Португалецот се уште е еден од најдобрите тренери во светот.

„Навистина е жално што мораше да замине без никаков успех. Навистина е жално бидејќи Мурињо е човек што има се освоено. Тотенхем е единствениот тим со кој не освои титула. Навистина ми е тешко поради тој податок. Сепак, Мурињо ќе остане во мојата меморија како еден од најдобрите тренери во светот“, изјави Сон. 

Мурињо во меѓувреме експресно си најде нов ангажман, откако денеска потпиша тригодишен договор како тренер на Рома, почнувајќи од 1 јули 2021 година.

Се вчитува...