Сонот на шеиците на Сити: Гвардиола да гради династија како Фергусон

Сопствениците на Манчестер сити на лето ќе го наградат нивниот менаџер Пеп Гвардиола со нов договор. Гвардиола моментално ја одработува втората година од неговиот тригодишен договор, и ако го почитува неговото правило (по три сезони беше во Барселона и Баен Минхен), не би требало да се задржи повеќе од три сезони во Англија, но шеиците имаат друг план. Но, доколку реши да остане, годишната плата на Гвардиола од 16 милиони фунти ќе прерасне во 22 милиони фунти, а со тоа би бил најплатениот тренер во светот.

По фантастичниот старт на сезоната, желбата на газдите е да го задржат шпанскиот стратег што подолго на клупата на „граѓаните“, и ќе направат се да му овозможат да гради династија како екс-тренерот на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон. Јунајтед осум пати ја освои Премиер – лигата во првите 11 сезони од кога се смета со тој формат, па газдите очекуваат од Гвардиола да направи нешсто слично како неговиот постар колега.

Иако во првата сезона во ниту едно натпреварување не се закити со одличје, Гвардиола сега е на добар пат да подигне најмалку еден трофеј. Во домашното првенство разликата е 11 бодови во однос на второпласираните Манчестер јунајтед и се уште се без пораз, а Сити е и меѓу најдобрите осум екипи во Карабао купот. Во првата рунда од нокаут фазата во ЛШ ги очекува лесен противник, швајцарскиот првак Базел треба да биде лесна задача за фудбалерите на Сити, а наскоро ќе го дознае и противникот во третата рунда на ФА купот.

   

Се вчитува...