Соопштение од Воска: Нашето раководство беше нападнато од хулигани на Гостивар (ВИДЕО)

Дербито од Втората македонска фудбалска лига меѓу Гостивар и Воска Спорт денеска заврши без победник, 2-2.

Но, дуелот кој се играше во тетовска Г. Речица, беше тензичен и на трибините и на теренот. На трибините дојде и до пресметка, за која од ФК Воска Спорт преку соопштение информираат дека било нападнато нивното раководство од страна на хулигани од Гостивар.

СООПШТЕНИЕТО ОД ФК ВОСКА СПОРТ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

„СКАНДАЛ.

Хулигани на Гостивар го нападнаа раководството на Воска Спорт. Во рамките на петтото коло Воска му гостуваше на Гостивар, екипа која исто така е претендент за титулата. Имајќи ја в предвид важноста на оваа средба, Воска беше максимално подготвена за мечот со Гостивар чии челници заедно со дел од нивните навивачи хулигани покажаа многу ниска спортска култура. 

Се чини дека голот кој го даде Ардит Демири воопшто не им се допадна на челниците на Гостивар, кои само за да го заплашат нашиот тим и да победат, наместо да ја покажат силата на теренот, тоа го направија надвор од него, напаѓајќи го раководството на Воска Спорт. Ова е скандалозен чин на челниците на Гостивар кој има европски амбиции. За жал, денешниот случај го покажува спротивното, бидејќи клуб кој сака во иднина да игра во Европа, за резултати треба да се бори на зелениот терен, а не преку покажување „мускули“, бидејќи и на тој начин не ја постигнаа целта. 

Фудбал се игра на зелениот терен драги гостиварчани, или пак вие што стоите позади овој клуб. На трибини местото им е на вистинските љубители на фудбалот, а не на хулигани кои ги плаќате да ве подржуваат на фудбалски натпревари, оти вие вредноста на еден сериозен тим, или пак претендент за влез во Прва лига, го загубивте уште од пред неколку недели, кога бевте нападнати од вашите сопствени фанови преку социјалните мрежи“.

Се вчитува...