Њукасл му направи огромна услуга на Манчестер Јунајтед, совладувајќи го неговиот директен ривал во трката за ЛШ, Шефилд Јунајтед со убедливи 3-0.
Гостите од Шефилд имаа можност со победа на денешниот меч да го прескокнат МанЈу на петтата позиција на табелата, но налетаа на цврстиот домашен состав, не успевајќи да го најдат патот до мрежата на „црно-белите“. Клучна се покажа 50. минута, кога при резултат 0-0 гостите останаа со играч помалку на теренот по исклучувањето на Еган.
Само пет минути подоцна Сан Максиман го отвори резултатот во корист на Њукасл, а потоа Ричи и Жоелинтон ја запечатија победата на Њукасл, за три бода со кои овој тим уште повеќе се зацврсти на средината од табелата, сега со „плус 11 бода“ во однос на екипите од опасната зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА