Сопругата Лариса го „кочи“ трансферот на Лукаш Моура во Манчестер јунајтед

Бразилскиот интернационалец Лукаш Моура е на прагот да го напушти Пари Сен Жермен и да се пресели во англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед. Трансферот, според најавите, треба да биде вреден 35 милиони евра, но има еден голем проблем што ја „кочи“ неговата реализација. Сопругата на Лукаш, Лариса Саад, не сака да го напушти Париз и да се пресели во Манчестер.

Таа добила информации од поубавата половина на Анхел Ди Марија, Жоржелина Кардосо, дека градот ниту од далеку не нуди можности за убав живот, како што тоа секако го има во Париз. Оттаму и нејзиниот отпор, па ќе се обиде да го разубеди Лукаш Моура во намерата да го облече дресот на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...