Сопругата на Астори проговори првпат по смртта на Давиде: „Судбината не беше фер… живеам живот кој не го одбрав“

Фудбалскиот свет остана потресен на 4. март оваа година по ненадејната смрт на капитенот на Фиорентина и италијански репрезентативец Давиде Астори.

Астори почина во сон во хотелска соба пред мечот против Удинезе, оставајќи ја зад себе сопругата Франческа Фјорети и ќерката Виторија. Франческа, по повеќе од шест месеци, за првпат се одлучи да проговори за Давиде и себе и болката која ја носи по неговата смрт одговарајќи на бројни прашање во интервјуто за „Кориере дела Сера“.

„Живеам живот кој јас не го одбрав. Се обидувам да го живеам од почеток и да бидам силна само поради ќерката Виторија. Таа знае дека тато нема да се врати но знаеме и дека постојано е со нас и секоја постапка која ја правиме ја правиме онака како и тој би сакал. Тешко ми е да прифатам дека замина на таков начин. Не беше ниту несреќен случај, ниту пак некоја болест, а едноставно лош крај на една убава приказна. Крај на се што планиравме заеднички, на сите наши желби и визии за иднина. Во моменти на голема болка, си мислам колку судбината не беше фер кон нас. Бевме толку многу среќни… Но, замина кога беше најсреќен, и доколку мојата болка и тага треба да биде цената за ова, со задоволство ќе ја платам“– вели Франческа, притоа потсетувајќи се на моментот кога го запозна Давиде.

„Беше тоа на еден настан на јавни личности во 2013 години. Ми пријде веднаш и почна разговор околу патувања. Мислев дека тоа е само така интерес за да ни помине таа вечер низ разговор побрзо, но наредниве денови тој се потрудил да дознае која сум, што сум, и продолжи да ми пишува. Кога видов дека е прекрасна личност, полна авантуризам и изненадувања, веднаш се заљубив. Многу брзо потоа бевме заедно… Знам дека многу патувавме секогаш кога имавме можност, Непал, Перу, Виетнам, Европа, Јапонија, САД…“

Франческа објаснува и зошто ќерката се вика Виторија….

„Дознав дека сум бремена на едно подолго патување во Перу, па онака нетрпеливо се одлучив и таму да направам тестови и прегледи. Но, ми кажаа дека сме го загубиле плодот. Бевме тажни, но во себе знаев дека не е така… По враќањето во Италија повторно бев на прегледи и ми кажаа дека, сепак, се е во ред. Тогаш Давиде рече сигурно ќе биде девојче штом е толку силно и не се предава така лесно. Така и бидна, а бидејќи е победничка ја крстивме Виторија“ – вели Франческа.

Се вчитува...