Сопругата на Кејн ја откри следната дестинација на голгетерот

Хари Кејн и понатаму е топ тема кога станува збор за трансферите ова лето. Репрезентативецот на Англија се поврзува со заминување од Тотенхем, а за неговите услугите се заинтересирани Баерн Минхен, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Ал Хилал.

Досега најконкретен во преговорите беше германскиот гигант кој испрати две понуди кои беа одбиени од страна на „петлите“, но со оглед на интересот на 30-годишникот да замине во Германија се чини дека овој трансфер ќе биде реализиран до крајот на преодниот рок.

Интересно истиот веќе го најави и сопругата на Кејн која е во Германија каде го бира новиот дом, откриваата германските и англиските медиуми.

Се вчитува...