„Сопругата на Кејн треба да биде среќна, мене Манчестер Сити ми го растури бракот…“

Сопругата на Хари Кејн треба да слави и да биде среќна што англискиот голгетер не се пресели од Тотенхем во Манчестер Сити во овој преоден рок. Ова го тврди поранешната сопруга на Ријад Марез, Рита Јохал, која се разведе од алжирскиот голгетер откако славата му удри во глава по преселбата од Лестер во Манчестер Сити.

Таа ја смени и религијата откако го запозна Марез пред седум години, но бракот пропадна нецела година откако Марез им се приклучи на „граѓаните“ во Манчестер.

„Сопругата на Кејн нека биде среќна бидејќи избегна катастрофа. А оние останатите треба да бидат внимателни, бидејќи мене Манчестер Сити ми го растури бракот. Ријад дозволи славата да му удри во глава, целосно се промени откако дојде во Манчестер Сити. Тоа веќе не е истиот човек, излегува до рано наутро, живее како тинејџер… Кога се разделувавме, ми рече дека тоа е поради клубот во кој игра и неговата големина. Не го мразам, туку ми е жал за него бидејќи знам колку е кратка славата на фудбалерите. Наместо да остане близок со луѓето кои навистина го сакаат, тој тргна по сосема поинаква патека во животот“, истакна Рита.

Се вчитува...