Сопругата на босанскиот репрезентативец Сеад Колашинац, фудбалер на Арсенал, е уапсена во Англија поради обид за шверц на оружје.
Бела Колашинца се обидела со приватен авион во Англија да прошверцува пиштол за замајување, или електрошокер. Откако била откриена на аеродромот „Бигин хил“ се правдале дека сето тоа е заради нејзина безбедност откако две лица физички го нападнаа нејзиниот сопруг и неговиот соиграч Месут Озил на улиците на Лондон.
Од полицијата добила известување дека овој чин може да ја чини со шестмесечен затвор. Сепак, по судска постапка ослободена е со опомена.
„Се беше само недоразбирање. Електрошокерот всушност беше спакуван и во себе немаше ниту батерии. Бела успеа да докаже дека на аеродромот претходно испрати мејл како би била сигурна дека ќе може да го внесе. Но, кога доби повратна порака веќе во авионот дека направата е илегална, мобилниот и беше веќе исклучен. Полицијата и судот имаа разбирање и помина со опомена“ – истакнаа за „Дејли мејл“ адвокатите на семејството Колашинац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА