Сопругата на Ромеро има што да му каже на Јунајтед – „Срамота! Поради се што направи за клубот, требаше да го пуштите Серхио“

Аргентинскиот голман Серхио Ромеро сепак на крајот остана во Манчестер Јунајтед и покрај заинтересираноста на многу клубови за неговите услуги. Најблиску до неговиот потпис беше Евертон, но раководството на „црвените ѓаволи“ одлучи да не ја прифати понудата. Неговата сопруга го нападна клубот поради тоа што не го пушти да замине.

„Серхио напорно работеше за клубот. Последниот трофеј кој го освоија, го освоија со него на голот. Минатата сезона ја одведе екипата до полуфиналето во Лигата на Европа, а потоа го ставија на клупа и затоа испаднаа. Сега имаа шанса да му се оддолжат и да го пуштат да замине“, изјави Елиана Гурчио. 

Ромеро во моментов е трет голман на Манчестер Јунајтед, бидјеќи покрај Давид де Хеа, Солскјер за куп натпреварите смета на младиот Дин Хендерсон.

Се вчитува...