Сопругата не го пуштала на прославата на Хрватска, ја прегазил со автомобил

Германска туристка на возраст од 58 години го загуби животот вчера по конфликт со сопругот околу прославата на хрватската репрезентација.

Трагедијата се случила на хрватскиот остров Крк, каде Германецот воодушевен од еуфоријата, во пијана состојба посакал да замине од островот и да се упати кон еден од градовите каде имало организирана прослава. Како што пишува „Индекс“, сопругата не го пуштала да замине, по што тој се качил во автомобилот, таа застанала пред него, но германскиот турист минал преку неа.

Полицијата веднаш го уапсила пијаниот возач, а брзата помош само потврдила дека жената починала на лице место.

Се вчитува...