Сопругот осомничен за убиството на кениската атлетичарка

Сопругот на кениската атлетичарка Агнес Тироп е првоосомничен за нејзино убиство, соопштуваат од полицијата. На телото на 25-годишната атлетичарка се пронајдени рани од убоди.

Тироп вчера беше пронајдена мртва во својот стан, а првите информации дека се работи за убиство беа демантирани, бидејќи има убоди од нож на нејзиното тело. Тироп минатиот месец постави светски рекорд на 10 километри, а на Летните олимписки игри во Токио го освои четвртото место на 10.000 метри.

Во кариерата има две бронзени медали од светските првенства на оваа делница во Лондон 2017 и Доха 2019 година.

 

Се вчитува...