Сопствениците на Арсенал не планираат да го продадат клубот

Големи критики од навивачите добија раководствата на клубовите во Премиер-лигата кои сакаа да се придружат на Суперлигата. Но и покрај големите притисоци сопствениците на Арсенал велат дека не планираат да го продадат клубот.

Семејството Кронки, чив член е и Џон кој е директор на Арсенал сака да продолжи со управувањето на клубот од „Емирејтс“.

„Можеби некои ќе бидат скептични за ова што ќе го кажам, но јас планирам во следниот период да воспоставам однос на доверба со нашите навивачи и да им покажам дека сме способни да се грижиме за клубот во следниот период. Кога донесувавме одлука за приклучување во Суперлигата одевме на начин што е полошо од Суперлига, а тоа е Суперлига без Арсенал“, изјави Џон Кронки. 

Арсенал беше еден од шесте англиски клубови кои одлучија да се приклучат на Суперлигата, но под големиот притисок на крај излегоа од неа.

Се вчитува...