Сосема неочекувано: Струга ТЛ и Захариевски се разделија!

Срѓан Захариевски не е повеќе тренер на Струга Трим Лум. Ова го објави струшкиот клуб, кој истакна дека ја прекинува соработката со Захариевски, прекин кој доаѓа сосема неочекувано и ненајавено.

Струга ТЛ и после ова коло остана лидер на табелата, благодарение на „киксот“ на Шкупи во Кратово, меѓутоа очигледно дека двете „ремија“ против Тиквеш и против Македонија ЃП беа клучни за разделба.

„Ја известуваме јавноста, навивачите и љубителите на фудбалот дека ја прекинавме соработката со Срѓан Захариевски. Тоа е одлуката на клупското раководство која му е соопштена и на тренерот кој ја прифати. Ти благодариме Захариевски“, стои во соопштението на Струга.

Захариевски беше на клупата на Струга ТЛ три сезони.  Под негово водство стружани изборија историски пласман во Европа.

Се вчитува...