Сосиедад ремизираше со Леганес и се искачи на врвот на Ла лига (ВИДЕО)

Реал Сосиедад одигра нерешено 1-1 со Леганес во премиерниот меч од 13. коло во Ла лига, што беше доволно тимот од Сан Себастијан да се искачи на врвот на првенствената табела.

Домаќините во првото полувреме го имаа поседот и играта, но не успеаја да го пробијат бедемот на гостите. Во второто полувреме Сосиедад поведе со голот на Микел Морино во 63. минута, а конечните 1-1 ги постави Ел Несри во 78. минута. До крајот на мечот за одбележување беше само црвениот картон кој го заработи гостинскиот фудбалер Родригез во 98. минута.

Со овој бод Сосиедад се искачи на врвот на табелата во Ла лига со 23 бода, односно еден повеќе од гигантите Барселона и Реал Мадрид, но и два натпревари повеќе.

 
Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...