На 28 февруари 2019 година во Скопје, Сосиете Женерал, бул. Хаусман бр. 29, 75009 Париз, Франција (29 boulevard Haussmann, 75009 Paris) (“СЖ”) (акционер на Охридска Банка кој во моментот поседува 384.844 обични акции со право на глас издадени од Охридска Банка) и Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, Шпаркасенплац 4, 8010 Грац, Австрија (“Штаер”), постигнале договор согласно кој, и под одредбите и условите предвидени во таквиот договор, СЖ ќе и ги продаде на Штаер акциите кои ги поседува во Охридска Банка.
Предвидената продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите (вклучувајќи ги правилата кои се однесуваат на конкурентски понуди) на Законот за преземање на акционерските друштва (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 69/2013, 188/2013, 166/2014, 154/2015, 23/2016 и 248/2018).
Денес, управниот одбор на Охридска Банка прими од Штаер намера за преземање на сите акции издадени од страна на Охридска Банка (“Намера за преземање”).Порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци, имајќи предвид дека истото е предмет на обезбедување одобрувања од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и сите неопходни странски регулаторни и антимонополски одобрувања.
Охридска Банка АД Скопје, Сосиете Женерал Груп, во изминатите неколку години бележи рекордни резултати во своето делување, позиционирајќи ја банката на петто место на најголема банка по висина на средства, кредити и депозити на македонскиот банкарски пазар, активна во делувањето и со сегментот население и корпоративни клиенти.
Во наредните неколку месеци, Сосиете Женерал Груп и Штаер заедно ќе работат на добивање на потребните дозволи. Охридска Банка АД Скопје ќе продолжи да го услужува населението и корпоративните клиенти со истото ниво на квалитет и посветеност, спремајќи се за непречена транзиција за клиентите, обезбедувајќи притоа стабилност на нивниот однос со банката.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА