Состав Италија: Манчини не се „коцка“ со Кјелини

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

Роберто Манчини ги разреши сите дилеми околу стартниот состав на Италија за вечерашната пресметка со Македонија, оставајќи го Џорџо Кјелини на клупата за резерви на „аѕурите“.

Искусниот дефанзивец беше во трка со времето во изминатите десетина дена, но Манчини реши дека ризикот е преголем, чувајќи го Кјелини за вториот меч од овој мартовски репрезентативен прозорец, доколку Италија успее да ја мине Македонија.

Во отсуство на тандемот на Јувентус (Бонучи – Кјелини), италијанскиот селектор вечерва се реши за двоецот Манчини (Рома) и Бастони (Интер).

Што се однесува до остатокот од стартниот тим, нема никакви изненадувања, Донарума ќе биде на голот, Флоренци и Емерсон Палмиери на бековските позиции, на средината се Верати, Жоргињо и Барела,  додека во напаѓачкото трио предност пред останатите добија Инсиње, Берарди и Имобиле.

Се вчитува...