Борозан е „фит“ – сам на летот за Љубљана, па кон Загреб: Има ППД од што да се плаши (ФОТО)

Вардар ќе има значаен адут за пласман во четврт-финалето од Лигата на шампионите, откако Вуко Борозан конечно ги надмина проблемите со повредите што го мачеа во изминатиот период. Црногорскиот бек беше опериран кон крајот на минатата година, Парондо не избрзуваше со неговото враќање, темпирајќи го кам-бекот токму за клучните битки за пласман на Ф4 турнирот во Келн.

И, како последен адут во ракавот на Парандо, интересно, Борозан денеска со лет за Љубљана во 15 часот сам патува кон Загреб…, во авионот заедно и со дел од македонските медиуми кои патуваа за Словенија на фудбалскиот квалификациски натпревар меѓу Македонија и Словенија. Веднаш потоа и кон Загреб на само неколку часа пред стартот на осминафиналниот натпревар.

А Борозан вообичаено е кошмар за хрватскиот првак, откако постигна вкупно десет погодоци на последните две средби од Лигата на шампионите. Вардар ги доби двата меча, во Скоје со 28-21 и во Загреб со 23-29, серија што „црвено-црните“ се подготвени да ја продолжат и во вечерашната пресметка со добро познатиот ривал (20.30 часот, „Арена“ во Загреб).

„Секогаш очекуваме нешто ново. Кога е само еден меч, тогаш се фрла се на тој натпревар. Работиме и ние, се подготвуваме, но не е исклучено дека ќе има нешто плус, и од страна на нашиот ривал. Нормално е да има притисок зашто сакаме да играме во четврт-финалето на ЛШ. Сега не смееме да имаме грешка, мораме да бидеме подобри од Загреб“ – истакнува тренерот Парондо во пресрет на денешниот меч во Хрватска.

Се вчитува...